За Нас

Здружението на возачи Ресен зад себе има 36 години исполнети со вредни резултати и бројни признанија за несебичен придонес во јакнењето на безбедноста во сообраќајот, за намалувањето на бројот на незгодите, за јакнењето на солидарноста на патиштата.

zname zdruzenie na vozaci resen 1

Под будното и стручно око на иструкторите на Автошколата при Здружението на возачи Ресен се врши обука на кандидати за возачи на моторни возила. Досега оспособиле преку 7000 возачи. Со својот коректен однос кон идните возачи, инструкторите придонесуваат за високиот углед на автошколата.

Здружението на возачите Ресен, како професионална организација, располага и со сопствен Автодром и кабинет за настава по теоретска програма за обука на возачи.

Искуството и професионалноста е на наша страна! Повелете да се договориме.

___________________________________________________________________________________