Технички преглед

IMG_20150708_120528

Безбедноста на сообраќајот на патиштата отсекогаш го свртува вниманието на јавноста, едноставно, затоа што секое загрозување има несогледливи последици. Моторните возила и нивната експлоатација во патниот сообраќај овозможуваат задоволство, радост и корист, но исто така тие често нанесуваат многу тага и болка.

Причините за сообраќајните незгоди се многубројни и се испреплетуваат, било да се работи за субјективниот фактор – човекот, или за објективниот – возилото или други чинители. Тие најчесто меѓусебно се условуваат и дополнуваат, а главната причина лежи во напочитувањето на сообраќајните прописи. Една од причините за сообраќајни незгоди, која се јавува како објективен фактор е – техничката неисправност на моторното возило. Меѓутоа, техничката исправност е во непосредна врска и со субјективниот фактор – со човекот кој треба да се грижи за исправноста на своето возило. Од односот на сопственикот спрема возилото зависи неговата исправност. Секое невнимание и негрижа мошне скапо го чинат сопственикот.

tehnicki pregled 2

tehnicki pregled 5

tehnicki pregled 4

Тргнувајќи од тоа, а како опшествено одговорна компанија Здружението на возачи, односно станицата за технички преглед во Ресен, на сопствениците на возила кои ги користат услугите на станицата им овозможува бесплатен, вонреден, технички преглед на возилата со цел навремено откривање на некој неисправен дел од возилото.

Станицата за технички преглед работи секој работен ден, од 8 до 15 часот, и секоја прва сабота во месецот.

?