Авто школа

avtoskola vezbi 8

Автошколата, која постои од 1979 година, се наоѓа во просториите на Здружението на возачи – Ресен и досега низ неа поминале над 7000 кандидати кои успешно ја завршиле обуката, се стекнале со неопходното знаење и сигурност зад воланот, го положиле возачкиот испит и се здобиле со возачка дозвола.

avtoskola licenca

Обуката ја извршуваат професионални инструктори кои се своето искуство и знаење придонесуваат да се одржи репутацијата на Автошколата при Здружението на возачи – Ресен како број 1 избор за сите Преспанчани кои се стремат да бидат идни возачи.

?

По завршувањето на теоретскиот дел од наставата, која се изведува во солидно опремен кабинет, кандидатите продолжуваат со практична настава која се изведува на сопствениот автодром. Понатамошниот дел на обуката се изведува низ улиците на Ресен, со цел идните возачи да се стекнат со што е можно подобра вештина и прегледност во самиот чин на возење.

avtoskola zdruzenie na vozaci resen 121